wordpress counter

Храната и канцерот

Причините за една од најопасните болести на денешницата се бројни и разноводни. Покрај начинот на живеење, влијаат и местото на живеење, загадувањето, генетиката, исхраната. На некои од нив може да се влијае, особено на исхраната. Со оглед дека во таков случај е мошне важно да се штити имунолошкиот систем, кој e најмногу на удар поради канцерогените клетки и хемотерапијата, потребно е да се следат следните совети:

• Шеќерот ги храни клетките на ракот. Затоа, шеќерот треба да се исфрли од исхраната. Најдобро е да се користат негови природни замени, како што е медот;
• Млекото го тера организмот да создава „слуз“ во дигестивниот тракт. И, тоа служи како храна за лошите клетки. Без млеко овие клетки ќе гладуваат;
• Клетките на ракот најмногу се развиваат во кисела средина. Исхраната богата со месо создава токму таква средина. Ако веќе не можете без месо, тоа нека биде риба и пилешко месо;
• Исхраната која се состои од зеленчук, житарки, трици, јаткасти плодови и малку овошје создава алкална средина. Особено се добри соковите од свеж зеленчук кои создаваат ензими кои се важни за раст на здрави клетки;
• Избегнувајте кафе, чај и чоколадо поради кофеинот. Евентуално може да се пие зелен чај, поради неговите состојки кои помагаат во борба против ракот.

    Ѕидовите на клетките од рак се прекриени со протеини. Со неконсумирањето на месо се внесуваат повеќе ензими кои ги напаѓаат протеинските ѕидови. Покрај тоа, консумирањето на витамин Е е задолжително.

    Related Posts with Thumbnails