wordpress counter

Интолеранција на храна (1 дел)

Интолеранцијата на храна се смета за несакана реакција на организмот при внесувањето на определен тип на храна. Треба да се нагласи дека не станува збор за труење со храна или алергија на храна, туку повеќе за реaкција на организмот на тие состојки, односно храна.

Симптомите на интолеранција на храна се: мачнини, надуеност, грчеви, повраќање и дијареја. Интолеранцијата на храна може да биде поради отсуство на ензими на варење, потоа фармаколошката интолеранција која ја преидзвикуваат вазоактивни амини присутни во храната и третата претставува преосетливост на храна од недефинирано потекло.

Во вториот дел од статијата ќе се запознаеме со најчестите облици на интолеранција на храна, во кoи спаѓаат: глутен, лактоза и хистамин. Инаку, кога зборуваме за тоа колку е честа оваа појава, треба да напоменеме дека во Европа од неа пати само 5% од белата популација, додека во Азија, кај некои етнички групи ја има 50-80%. Интолеранцијата на лактоза најчесто се јавува во Азија, Африка и земјите на Медитеранот, додека речиси и да ја нема во западна и северна Европа. Обратно e со глутенот. Целијакијата е неспоредливо поприсутна во Европа, отколу во Африка, Јапонија и Кина.

Related Posts with Thumbnails