wordpress counter

Истражување: Куркума и цимет против мастите

Јадењето на храна зачинета со куркума и цимет го намалува негативното влијание на внесените масти во организмот. Кога јадете оброк со многу масти, расте нивото на триглицериди во крвта. Ако ова се случува често, има ризик од појава на срцеви заболувања. Ако се додаваат овие зачини кон јадењето, се намалува количеството на триглицериди за 30%.

Во истражувањето учествувале шест мажи кои имаат поголема тежина од нормалната, но се здрави и на возраст од 30-65 години. Тие добиле оброк кој се состои од пилешко со кари, италијански леб со зачини и бисквит со цимет. Истражувачите го мереле нивото на триглицериди секои 30 минути во три часа.

Во оброците со зачини се додавале рузмарин, оригано, цимет, куркума, бибер, каранфилче, лук во прав и црвен пипер. Овие зачини биле избрани поради нивното антиоксидантно делување.

Кога оброкот ги содржи овие зачини, антиоксидативната активност во крвта се зголемува за 13%, а излачувањето на инсулин се намалува за 20%. Според истражувачите, зачините делуваат на намалување на оксидативниот стрес и со тоа се намалува ризикот од заболувања.

Related Posts with Thumbnails