wordpress counter

Јапонска диета

Ова е диета која трае две недели и по тој период би требало да изгубите 7 килограми. Првите 2-3 дена се навистина тешки (додека се навикне организмот), а потоа е многу полесно да се применуваат упатствата. Може да ја спроведете во било кој период од годината, бидејќи содржи продукти кои лесно ќе ги пронајдете.

Диетата има два циклуса, односно секој ден се повторува по извесен период.

1 и 13 ден
Појадок: црно кафе.
Ручек: 2 тврдо варени јајца, салата од варена зелка со растително масло, чаша сок од домати без сол.
Вечера: варена или риба подготвена на скара.

2 и 11 ден
Појадок: црно кафе, парче црн леб.
Ручек: варена или риба подготвена на скара, салата од зеленчук со растително масло.
Вечера: 200 гр варено говедско месо, чаша јогурт.

3 и 8 ден
Појадок: црно кафе, двопек.
Ручек: голема печена тиквица, јаболка.
Вечера: 2 тврдо варени јајца, 200 гр варено говедско месо, салата од свежа зелка.

4 и 9 ден
Појадок: црно кафе.
Ручек: 1 меко варено јајце, 3 големи варени моркови, 15 гр тврдо сирење.
Вечера: овошје.

5 и 10 ден
Појадок: свеж морков, сок од лимон.
Ручек: варена или печена риба, чаша сок од домати без сол.
Вечера: овошје.

6 и 14 ден
Појадок: црно кафе.
Ручек: половина варено пиле, салата од варена зелка или моркови со растително масло.
Вечера: 2 варени јајца, салата од зеленчук.

7 и 12 ден
Појадок: чај без шеќер.
Ручек: 200 гр варено говедско месо, овошје.
Вечера: одберете вечера од било кој ден, освен од третиот.

Дополнителни информации:
• релаксирачка прошетка од полoвина час секој ден е задолжителна;
• 1 литар природно газирана вода со сок од еден лимон да се испие во текот на денот (најдобро кога ќе почувствувате глад, а не е време за оброк) ●

Related Posts with Thumbnails