wordpress counter

Како да го вратите загубениот апетит?

Дали ви се случило да не чувствувате глад или да јадете само затоа што морате? Ако е така, нема дилема дека станува збор за губење на апетитот и оваа статија е наменета токму за вас.

Ви предлагаме неколку продукти кои може да ви помогнат повторно да седнете на маса со задоволство.

Ѓумбир
Овој зачин помага во лекување на бројни болести, а нутриционистите сметаат дека ѓумбирот ги поттикнува на делување ензимите за варење и на тој начин да почувствувате глад.

Грозје
Сокот од гројзе има специфично делување на варењето. Помага при надуеност и проблеми со гасови, а во исто време ги отстранува и токсините. Со отстранување на токсините може да ви се врати апетитот.

Лимон
Полн е со витамин Ц и го зајакнува имунитетот. Неговите антиоксиданси делуваат на токсините во црниот дроб и бубрезите и со тоа ја подобрува работата на системот за варење.

Јаболко
Состојките во јаболкото го стимулираат лачењето на пепсин, ензим во желудникот кој го забрзува варењето на храната. Најдобро е да консумирате барем едно јаболко на ден.

Портокал
Витаминот Ц го поттикнува лачењето на соковите за варење, кои се одлични за добро и брзо варење на храната. Со тоа, бргу се враќа и апетитот.

Совет: доколку не сте во состојба сами да го решите проблемот, тогаш веднаш обратете кај вашиот матичен лекар.

Related Posts with Thumbnails