wordpress counter

Како да ја зголемите вашата телесна тежина? (1 дел)

Можеби овој наслов ќе ве насмее, но верувајте дека има многу луѓе кои имаат проблем со малата телесна тежина. И што е најлошо – не можат да најдат начин како да ја зголемат, иако го посакуваат тоа. Оваа статија е посветена токму на нив.

Најважно од сè е дека треба да ја зголемите тежината на здрав начин. Здравиот начин подразбира храна богата и со калории и со хранливи вредности, а не како што првин се помислува, само со јадење поголема количина на храна. Целта е да се одбере храна богата со витамини, минерали, хранливи состојки и калории, кои со секој залак ќе ја зголемат тежината на правилен начин.

Без оглед која е причината поради која сакате да ја зголемите тежината, при оваа програма важно е да имате што повеќе мини оброци во текот на денот. Најважно е да се обидете да јадете 6 пати во текот на денот и во секој оброк да внесете протеини, зеленчук и здрави масти.

Наш предлог: сендвич со месо од мисирка, интегрален леб, со мајонез и домати. Дополнете со овошно смуди.

Со таквиот начин на исхрана, сметајте дека можете да накачите од половина до 1 килограм неделно. 

Related Posts with Thumbnails