wordpress counter

Како да ја зголемите вашата телесна тежина? (2 дел)

Во првиот дел зборувавме за потребата од зголемување на телесната тежина кај некои личности и основи совети како да се направи тоа. Продолжуваме со типови на храна и совети кои ќе ви помогнат не само да ја зголемите телесната тежина, туку тоа да го направите на здрав начин.

Која храна?
Храна која има најмногу калории е храната богата со масти, особено со растителни масти. На пример, такви се кикиритките, семки, путер од кикиритки, јаткасти плодови, путер од бадеми, авокадо, хумус. Од друга страна, калории има и во мастите од животинско потекло, но тие содржат многу заситени масти кои го зголемуваат „лошиот“ холестерол.

Секогаш додавајте јаткасти плодови кога јадете. Со супи, салати, сосови, житарки, десерти. Што се однесува до пијалаците, наместо вода пијте овошни смудис и сокови со повеќе калории. Како додатоци користете сосови за салати со повеќе калории.

Сушеното овошје е концентриран извор на калории и може да се комбинира со салати, јогурт, житарки, десерти или да се јаде без додатоци. Со пржената храна не треба да се претерува, а ако веќе јадете таква храна, користете здраво масло за пржење. Секако, не заборавјте ниту на млечните производи, зеленчукот, мешунките, маслиновото масло и масло од репа.

Совети

• јадете тост лепче со путер од кикиритки наутро;
• јаболката комбинирајте ги со путер од бадеми;
• додавајте јаткасти плодови во јогурт или комбинирајте ги со мед;
• секогаш имајте со вас нешто за меѓуоброк;
• јадете зеленчуци со скроб, како компири и пченка;
• консумирајте сокови од овошје и зеленчук и овошни смудис.

Related Posts with Thumbnails