wordpress counter

Како да заведете со насмевка (2 дел)

Во првиот дел од статија се запознавме со пијалаците кои делуваат неповолно на вашата насмевка и белината на забите. Сега ќе видиме кои видови храна би требало да ги ограничите ако сакате снежно бела боја на забите.

СОС ОД ДОМАТИ
Секогаш кога правите тестенини, сосовите на база на домати ќе остават дамки на вашите заби. Но, тоа не е причина да не јадете маринара или болоњезе. Пред да јадете тестинини изедете спанаќ или брокули. Овие зеленчуци ќе формираат заштитен слој околу вашите заби.

ОЦЕТ БАЛСАМИКО
Тој е полн со арома и вкусен, но тоа богатство носи и своја цена. За да не се откажете од консумирање на овој незамнелив дел од секоја салата, треба да јадете зелена салата. Таа ќе ги заштити забите од нивно пожолтување. Како алтернатива користете обичен оцет или сок од лимон.

ЦВЕКЛО
Секој кој допрел цвекло знае за неговата моќ да остане на вашите раце и тешко да се извади. Тоа произлегува од фактот што сокот во него е многу концентриран. Доколку веќе го консумирате, тогаш мора да ги измиете забите темелно во преиод од еден час, за да не ѝ дадете можност на бојата да се залепи на вашите заби.

БОРОВИНКИ
Сите знаеме дека се одличен антиоксиданс и една од супер-храните денес. Единствената непријатна работа поврзана со нив е што оставаат траги на вашите заби. Но тоа, поради својствата на боровинките не смее да биде причина да се откажете од нив. Лекот е да направите гаргара со вода откако ќе јадете боровинки.

КАРИ
Оваа основна состојка на индиската кујна е позната по тоа што сака да ги обои забите во жолто. Бојата на карито е толку јака што само ако гледате во него, може да ја почувствувате жолтата боја врз забите. Миење на забите веднаш по оброк од чикен кари е единствениот лек.

СОЈА СОС
Како и кај кола пијалаците, темниот соја сос има исто делување. Ако јадете суши или кинеска храна не се заборавајте со соја сосот. Овој сос има и многу натрум и тоа е уште една причина да внимавате со неговата консумација.

Related Posts with Thumbnails