wordpress counter

Како да заведете со насмевка

КАКО ДА ЗАВЕДЕТЕ СО НАСМЕВКАКога вашата светла и бела насмевка ќе се разлее, со сигурност ќе изгледате помладо во очите на соговорниците и на тој начин ќе расте и вашата самодоверба. Ние ќе ви откриеме која храна и кои продукти создаваат дамки на вашите заби и би требало да ги избегнувате, ако сакате со вашата насмевка да ги ставите во сенка сите околу вас. Особено внимавајте на овие продукти ако во скоро време сте правеле избелување на забите кај вашиот стоматолог, поради фактот што белењето прави забите да имаат поголема апсорпциона моќ.

Во првиот дел од оваа статија ќе ги наведеме пијалаците кои делуваат најштетно по белината на забите.

ЦРНО КАФЕ
Во прво време ќе ви биде тешко да се научите денот да ви почнува без омилениот напиток. Надворешниот слој на забите е многу порозен. Поради тоа ја апсорбира целата храна и течности. Ако веќе морате да се напиете кафе, нека биде со млеко за да ги искористите калциумот и витаминот Д во него.

ЧАЈ
Танинот во чајот остава многу дамки на вашите заби. Но, тука имате избор. Избегнувајте ги темните и обоени чаеви, а консумирајте зелен или чај од растенија. Поради посветлите бои ќе имате и помалку дамки.

ЦРВЕНО ВИНО
Иако е добро за вашето срце, не е добро за вашата насмевка. Ако некогаш се погледнете во огледало откако сте испиле чаша, на пример Cabernet Sauvignon, резултатот ќе биде веднаш забележлив. Затоа, ако виното ви е омилен пијалак, тогаш напијте се бело вино или по црвено вино плиснете вода во вашта уста.

КОЛА
Темните газирани пијалаци се особено штетни по вашата насмевка. Ако е многу ладна, колата може да ги направи забите попорозни и полесно да остава дамки на нив. Исто така, фосфорната и лимонската киселина ја нагризуваат глеѓта на забите, додека засладувачите предизвикуваат нивно расипување. Затоа, ако не можете да се откажете, барем користeте цевка за да го намалите допирот на колата со забите.

СОК ОД БРУСНИЦА
Овошните сокови може да ги заматат вашите бисери во усната празнина. Темната боја и киселините се подлога за жолти заби. Затоа, по сокот изедете јаболко кое со својата текстура и светла боја делува како прашок за перење врз вашите заби, отстранувајќи ги сите дамки и бои од нив.

Related Posts with Thumbnails