wordpress counter

Како какаото го чува срцето?

Најновото истражување кое го спроведе тим на меѓународни стручњаци, заедно со научниците од Mars Incorporated, укажува на фактот дека флаванолите во какаото можат да бидат особено важен дел од храната на срцево болните.

Според податоците, дневниот внес на какао и флаваноли го удвојува бројот на ангиогеничните клетки во крвта. Овие клетки ги обновуваат крвните садови, а знаеме дека нивната слаба функција е една од раните фази на кардио заболувањата. Покрај тоа, какаото делува и на снижување на крвниот притисок, кој знае да биде причина за срцев удар.

Инаку, Mars Incorporation е една од компаниите кои најмногу вложуваат во вакви истражувања (имаат преку 80 патенти и 100 научни публикации). Преку овие истражувања, производителот на Марс и Твикс настојува да го спречи уништувањето на флавонолите при термичка обработка на зрното какао.

Related Posts with Thumbnails