wordpress counter

Каква храна за ужина (2 дел)

Често знаеме да погрешиме при изборот на ужинката или меѓуоброците. На тој начин, не само што внесуваме состојки кои немаат нутритивна вредност, туку и ги нарушуваме следните оброци. Во првиот дел наведовме неколку предлози за вкусна и здрава ужинка.

Го продолжуваме списокот на предлози за здрав меѓуоброк.

Протеински плочки
Станува збор за ужина богата со протеини. Секако, внимавајте да ни има премногу јаглехидрати и масти во нив. Секогаш прочитајте ја декларацијата и составот.

Протеински шејкови
Протеинските шејкови во прав се одличен избор за ужина. Изобилуваат со протеини и можете да ги мешате буквално со сѐ: млеко, соја млеко сокови, јогурт.

Житарки
Оброкот со житарки е фаворит на сите тренери. Станува збор за балансиран однос помеѓу јаглехидрати и протеини, што ќе ни овозможи доволно енергија за остатокот од денот.

Путер од кикиритки
Една кришка леб премачкана со путер од кикиритки и декорирана со парченца банана. Ако ви се допаѓа оваа комбинација, ќе му се допадне и на вашето тело.

Related Posts with Thumbnails