wordpress counter

Каква храна за ужина (1 дел)

Зафатените луѓе постојано се во потрага по хранливи закуски кои би ги консумирале во движење или како меѓуоброк. За жал, повеќето од нас одбираат ужинка која има високо количесто јаглехидрати и масти, а низок удел на протеини. Тоа претставува лош избор, кој не е препорaчлив.

Затоа, ви предлагаме неколку видови на храна кои се одличен избор за попладневна ужинка или мезе.

Говедско месо
Верувале или не, оваа класика е сосема здрав избор. Половина килограм содржи 70 калории и само една грам масти, но му носи на нашето тело 11 гр протеини. Внимавајте само на употребата на сол.

Белки од јајца
Една белка од јајце има 15 калории, нема масти и холестерол и содржи 4 гр протеини. Ставете три белки во сад за пржење (може да додадете и пиперки и кромид) и добивате вистински мини оброк.

Урда и овошје
Половина шолја од ова сирење со 2% масленост има 16 гр протеини и 102 калории. Со оглед на неговиот слаткаст вкус, може одлично да се комбинира со овошје.

Туна
Една лименка туна може да содржи и до 25 гр протеин. Има само 111 калории и нема воопшто масти. Одличен избор за секој што сака да направи мускули.

Related Posts with Thumbnails