wordpress counter

Киа семки за сите што сакаат да ослабнат

Киа семките се навистина суперхрана. Денес, веќе се третираат како магична храна. Содржат важни антиоксиданси и ја подобруваат севкупната состојба на организмот и неговата издржливост. Сето тоа ги прави одлична храна за периодот на вежбање.

Кога семките од киа ќе ги ставите во вода, се отвараат и може да соберат вода 12 пати повеќе од нивната тежина. Ако семките ги оставите во вода околу 30-тина минути, ќе се создаде густа смеса како желатин. Научниците сметаат дека тоа се случува и во нашиот стомак кога консумираме вакви семки. Тој гел создава физичка бариера помеѓу јаглехидратите и дигестивните ензими и на тој начин се забавува претворањето на јаглехидратите во шеќери.

Освен тоа, киа семките се извор на есенцијални масни киселини (омега 3 и 6), протеини, диететски влакна и дури пет пати повеќе калциум отколку млекото. Она што е особено значајно е дека јаглехидратите во семките се отпуштаат постепено и поради тоа ни даваат чувство на ситост подолг период. Тоа е добар трик за сите оние кои сакаат да слабеат. Киа семките лесно се варат, па затоа е важно да се консумираат пред напорни физички активности.

Related Posts with Thumbnails