wordpress counter

Кинески синдром

Кога сме на работно место, потребно е да ги избегнуваме чипсот, смоките и слични грицки кои може да го предизвикаат таканаречениот кинески синдром. Предизвикувач е натриум глутаминатот кој може да ве направи зависни од овие производи, па дури и ако не чувствувате глад. Се нарекува кинески синдром поради тоа што кинеските готвачи уживаат во користењето на глутаминатот при готвењето.

Затоа, на работно место, подобро е да консумирате енергетски плочки со житарки, јаткасти плодови, суви смокви, суви кајсии, суво грозје. Доколку нездравите грицки се посилни од вас, прочитајте го нивниот состав на пакувањето, кој е полн со адитиви и вештачки ароми.

Доколку и тоа не помогне, направете експеримент. Еден ден јадете чипс, смоки и слични грицки, а следниот ден некои од ужините кои ги наведовме во вториот пасус. Утврдете кога сте се чувствувале подобро. Ако и понатаму се решавате за нездравите опции, тогаш продолжете со овој експеримент. Барем секој втор ден ќе бидете далеку од кинескиот синдром.

Related Posts with Thumbnails