wordpress counter

Ќерките ги преземаат прехранбените навики од своите мајки

Најголем дел од своите прехранбени навики, жените ги преземаат од своите мајки. Истражувањето кое го спорвела д-р. Дајен Баер Вилсон, покажува дека родителите имаат големо влијание врз усвојувањето и на добрите и на лошите прехранбени навики.

Според неа, многу е тешко да се создаде здрав начин на исхрана, ако веќе постојат лоши навики. Имитирањето на лошиот мајчински модел може да доведе до низа грешки и пореметувања. На пример, замислете мајка која е постојано на диета за да намали некој килограм. Таков модел кој ќе биде преокупиран уште од најрана возраст, ќе произведе штетни навики кои подоцна многу тешко се отстрануваат.

Ако на ова ги додадете и предрасудите за женскиот физички изглед, како и фактот што девојчињата се многу поосетливи на притисокот и на потребата да бидат прифатени, тогаш добиваме навистина сериозна ситуација при градење на нивниот идентитет. Оваа состојба особено се манифестира на возраст помеѓу 3-4 години.

На ист начин штетно ќе влијаат и многу модерни трендови во врска со храната: погрешни верувања во врска со вегетаријанството, навика да се јаде само една храна при што се исклучува секоја друга, опсесија по биолошки одгледана храна или само свежа храна.

Тоа се модели кои не би требало да дозволиме нашите деца да ги преземаат од нас. Најважно е да се учат да уживаат во храната и да не претеруваат во нејзината консумација.

Related Posts with Thumbnails