wordpress counter

Кои нации се хранат најздраво? (1 дел)

Се сеќавате ли на Харли Пастернак, експертот кој ја создаде диетата на 5 фактори? Овој нутриционист и личен тренер на Лејди Гага и Ева Мендес, објави книга во која ги анализира прехранбените навики на различни нации. Ние, ви го претставуваме списокот на 10 нации кои се хранат најздраво.

10. Грција
Мешунки, житарки и лиснат зеленчук се најважните состојки на грчката кујна. Ако кон тоа го додадеме и маслиновото масло, тогаш е повеќе од јасно зошто ова место му припаѓа на јужниот сосед.

9. Израел
Израелците обожуваат црвени и модри домати, кои се богати со влакна и хранливи материи. Во храната редовно ставаат и листови мента, кои имаат значителна содржина на манган, витамин А и Ц.

8. Јужна Кореја
Основата на оваа кујна се оризот и тестенините од ориз. Покрај тоа, на трпезариската маса секогаш се наоѓаат и тофу и соја.

7. Шпанија
Шпанците, покрај јапонците, живеат најдолго. Една од причините е медитеранската исхрана, базирана на маслиновото масло, рибата и морските плодови.

6. Италија
Италија е една од ретките земји каде сѐ уште може да се пронајде вистинска, изворна кујна. Пицата има 2-3 состојки, тестенините се подготвуваат со сос од домати и босилек. Овие рецепти се менуваат насекаде во светот, но италијаните одолеваат на калоричните и масните додатоци.

Related Posts with Thumbnails