wordpress counter

Кои нации се хранат најздраво? (2 дел)

Минатиот пат го видовме списокот од 10-то до 6-то место на нации кои најздраво се хранат, направен по избор на Харли Пастернак, таткото на диетата на 5 фактори. Денес, ви ги претставуваме 5-те нации кои најздраво се хранат во светот.

5. Франција
Можеби ќе ве изненади високото 5 место за французите, ако ја имаме предвид нивната масна и калорична храна. Но, французите знаат како да ја надоместат штетата. Избегнување на десерти и меѓуоброци и консумација на црно грозје.

4. Шведска
Според Пастернак, Шведска има најздрави прехранбени навики во Европа. Поради долгото траење на зимата, населението многу јаде зимски зеленчук, особено зелка. Покрај тоа, швеѓаните уживаат во јагоди и боровинки, кои имаат силно антиоксидантно дејство.

3. Кина
Основата на кинеската храна се оризот, рибата и зеленчукот. Покрај тоа, кинезите се светски шампиони во пиење чај, особено Улонг чајот (кој може да го пробате во Caramelo™)  и кој се смета за чај – убиец на маснотиите.

2. Сингапур
Во Сингапур, оризот се јаде три пати на ден, во помали количини. За десерт, речиси е невозможно да не се јаде дуријан – слатко овошје кое се крие во бодликавата кора и кое се смета за крал на овошјата.

1. Јапонија
Една од главните причини за долгиот животен век во Јапонија е храната. Големи количини на риба, ориз и зеленчук (особено зелка), ја прави оваа кујна најздрава на светот. Секако, важен е и начинот на консумирање – мали, разновидни порции, кои се јадат бавно.

Related Posts with Thumbnails