wordpress counter

Која храна после теретана?

Штотуку излегувате од теретана, каде сте поминале повеќе од еден час во напорни вежби. Се упатувате кон дома и буквално плачете од што сте гладни. И тогаш се појавува главното прашање: Каква храна да подготвите, а да не го уништите ефектот од вежбањето?

Првата работа која ви е потребна се јаглехидрати. Околу 60% од калориите кои треба да ги внесете по тренингот треба да доаѓаат од јаглехидрати. Тоа е добар начин да го освежите организмот со гликоген, кој претставува гориво за вашите мускули. Но, и тука треба да внимавате. Тоа треба да бидат т.н. добри јаглехидрати, односно оние кои не се бели печива или рафинирани јаглехидрати. Во спротивно, ќе ви останат во организмот без никаква корист.

Друго што е потребно е пакување протеини. Во просек, по вежбањето, треба да внесете 10-15 гр протеини. Додека јаглехидратите ве полнат со енергија, протеините го обновуваат и го градат мускулното ткиво. Затоа, слободно внесете пилешко месо и риба во исхраната.

Related Posts with Thumbnails