wordpress counter

Кората од банана ги отстранува тешките метали

Водата е елемент без кој нашиот живот не би можел да се замисли. Но, постојаното загадување, употребата на пестициди и рудните ископувањa ја загадуваат водата со тешки метали како бакар и олово, што може да делува многу штетно по нашето здравје и околината.

Сепак, кората од банана ни доаѓа како решение. Претходните истражувања покажуваат дека водата може да се чисти со отпадни материјали од растително потекло. За таа цел, досега се користеа кокосови влакна и лушпа од кикиритки.

Најновите истражувања покажуваат дека мелената кора од банана одлично ги отстранува тешките метали од водата. Научниците направиле машина за чистење на вода со помош на мелена кора од банана. Бананата може 11 пати да ја чисти водата, пред да ги загуби својствата за врзување со металите. Поради нејзината ниска цена, бананата може да стане спасител на чистите води на нашата планета.

Related Posts with Thumbnails