wordpress counter

ЛИНИЈАТА ПРЕД УМОТ

cpil (Flickr)Неодамнешно истражување за убавината ни открива резултати кои не се толку убави. Имено, тоа покажува дека за некои жени убавината е поважна отколку умот или пријателките. Дури 25% од нив повеќе би сакале да победат на избор на убавина отколку да ја освојат Нобеловата награда, па макар таа да е и за мир.

Истражувањето со симболично име „Надворешната против внатрешната убавина“ го спровеле луѓето од Oxygen cable network, со желба да откријат колку на младите жени им е важен надворешниот изглед. Во испитувањето учествувале 2000 жени на возраст помеѓу 18 и 34 години, израснати во модерен свет кој ја глорифицира улогата на надворешната убавина. Студијата ги покрива сите важни подрачја во животот на една жена: изгледот, славата и среќата, пријателките, врските и финансиите. А резултатите се и поинтересни отколку што се очекувало.

Меѓу резултатите кои не се позитивни ќе ги вброиме следниве:
• 26% од жените би ја направиле својата најдобра пријателка дебела, ако тоа е цената тие да останат витки целиот живот
• 26% изјавиле дека преферираат да бидат витки отколку да бидат паметни
• 22 % од жените кои се сметаат себеси за атрактивни, се подготвени да ја изгубат својата способност за читање за сметка на својата линија
• 39 % го користат својот изглед за да дојдат до тоа што го посакуваат
• 41 % немаат ништо против ако се одбрани да добијат некое работно место само поради нивниот изглед
• 50 % би се омажиле и за грд маж, само под услов да е мултимилионер

Сега, малку и за позитивните резултати од ова истражување иако, рака на срце, се многу помалку:
• 75 % од жените се подготвени да ја избричат својата глава, за да спасат живот на лице кое не го познаваат лично
• 78 % сепак би избрале да имаат многу пријатели, а би ја жртвувале убавината
• 95 % не би ја оставиле својата пријателка на цедило, ако вратарите во некој клуб се заинатат да не ја пуштат да влезе и да си ги потроши своите тешко заработени пари.

Ајде да видиме колку сте искрени. Ние прашуваме:

Кое е вашето омилено есенско овошје?

РЕЗУЛТАТИ

Related Posts with Thumbnails