wordpress counter

Најлековитите чаеви (1 дел)

Знаеме дека голем дел од лековите се наоѓаат во природата. Оваа статија е наменета токму за нив – природни лекови во форма на чај. Ќе наведеме 20-тина видови на чај кои делуваат добро врз нашето здравје.

Имунитет: чај од Ехинацеа
Подготовка: една лажица сушени листови, стебленца и цветови на ехинацеа се преливаат со 2 дл вода и се остава да отстои половина час. Се пие три пати на ден, по 2 дл незасладен чај.

Стрес: чај од Маточина
Подготовка: налејте шолја со вода која врие врз три мали лажици листови од маточина. Се остава да отстои околу 10 минути и потоа се процедува. Се пијат три шолји чај дневно, во текот на 6 недели.

Лесно искашлување: чај од Бел слез
Подготовка: една мала лажица со сушени и исечкани листови и цветови на бел слез се прелива со шолја вода која врие. Се остава 10 минути и потоа се процедува. Може да се заслади со мед.

Настинка: чај од Шипка
Подготовка: налејте шолја вода која врие врз две мали лажици сушена шипка. Оставете да отстои 10-тина минути и потоа процедете го чајот. Додадете мед и сок од лимон.

Related Posts with Thumbnails