wordpress counter

Најлековитите чаеви (2 дел)

Во првиот дел ги споменавме чаевите од ехинацеа, маточина, бел слез и шипка и нивното позитвно дејство врз нашиот организам. Продолжуваме со 4 други чаеви, со кратко објаснување на причините и начинот на консумирање.

Грип: чај од Бозел
Подготовка: лажица сушени цветови се прелива со шолја вода која врие, се остава да отстои 10 минути и потоа се процедува. Можете да го пиете неограничено и да ја победите грозницата и високата температура.

Астма: чај од питом костен
Подготовка: една мала лажица домашен костен се прелива со студена вода, а потоа се проврива. Се остава три минути и се процедува. Се пијат 2-3 шолји дневно, или со негова помош се испира грлото.

Хронична опструктивна белодробна болест: чај од Смрека
Подготовка: една мала лажица на изгмечени плодови на смрека се попаруваат со шолја врела вода. Се остава 10-тина минути и потоа се процедува. Се засладува со мед или шеќер. Можете да пиете две шолји дневно млак чај.

Внимание: Не се препорачува на лица со осетливи бубрези.

Дијареа: чај од Мајоран
Подготовка: една шолја со вода која врие се прелива врз мала лажица мајоран. Процедете по три минути. Се пие по потреба. Доколку имате чести главоболки, не се препорачува секојдневно пиење на овој чај.

Related Posts with Thumbnails