Најлековитите чаеви (3 дел)
Досега, во претходните два дела, се запознавме со осум видови на чаеви и нивното делување врз нашиот организам и здравје. Во третиот дел, ќе го опишеме делувањето на чаевите од сладунец, магданос, кантарион и црвен кантарион.
Гастритис: чај од сладунец
Подготовка: две мали лажици исечкани ливчиња на сладунец се преливаат со една шолја вода која врие и се остава да отстои 10-15 минути. Потоа се процедува. Се пие 3 до 5 шолји чај на ден.
Бубрежни болести: чај од магданос
Подготовка: се прелива шолја вода која врие врз две мали лажици исечкан масгданос. Се поклопува и се остава 10-20 минути. Се процедува и се пие пред јадење. Се пијат најмалку три шолји на ден.
Депресија: чај од кантарион
Подготовка: три мали лажици кантарион се преливаат со врела вода. Се остава да отстои 10-тина минути и се процедува. Дневно се пијат 3-4 шолји. При лекување на депресија, потребни се барем 4 недели консумација за да се добијат првите резултати.
Мигрена: чај од црвен кантарион
Подготовка: една мала лажица од сушен црвен кантарион се прелива со студена вода и се остава да отстои 6-10 часа. Потоа се процедува, се загрева и се засладува со мед. ●
