wordpress counter

Најлековитите чаеви (4 дел)

Продолжуваме со нашиот серијал за чаевите и нивното делување врз определени состојби и болести. Денес се запознаваме со чаевите од бел јасен, берберис, домашен микс и козји рог.

Реума: чај од бел јасен
Сварете полна мала лажица сушени листови од бел јасен со една шолја вода. Оставете да отстои 3-5 минути, процедете и испијте го. За да почувствувате подобрување, пијте 2 шолји на ден во текот на две недели.

Срцеви проблеми: чај од берберис
Една мала лажица сушени листови од берберис се преливаат со вода која врие и се остава да отстои максимум 5 минути. Потоа се цеди и се пие. Дневно смеете да испиете од 1-2 шолји чај, но претохдно консултирајте се со својот лекар.

Висок притисок: чај од домашна мешавина
Измешајте по една мала лажица кантарион, маточина, арника, вероника (велигденче) и чичково семе. Се остава да отстои 10-15 минути, се процедува и се засладува со мед. Се пие неколку пати на ден.

Холестерол: чај од козји рог (грчко семе)
Прелијте две мали лажици сецкан козји рог со шолја студена вода и оставете да отстои три часа. Потоа се проварува и се процедува. Откако ќе се излади, засладете го со мед и веднаш испијте го.

Related Posts with Thumbnails