wordpress counter

Ова смеете да го јадете секој ден

Пoстојат типови на храна кои нема да му прават проблем на вашиот организам и полезно е да ги консумирате секој ден. Сега ќе наведеме неколку од тие продукти.

МАСЛОДАЈНА РЕПКА И МАСЛИНОВО МАСЛО
Заменете ги путерот и маргаринот со растителни масла. Омега-3 масните киселини и незаситените масти помагаат при намалување на холестеролот.

НЕМАСНО МЛЕКО И СИРЕЊЕ
Заедно со витаминот Д, потребно ви се 1.500 до 2.000 мг минерали дневно (чаша млеко има околу 300 мг). Со тоа, значително ќе се намли ризикот од остеопороза.

ФЕРМЕНТИРАНА ХРАНА (КИСЕЛА ЗЕЛКА И ЈОГУРТ)
Оваа храна го намалува ризикот од некои видови карцином и го зајакнуваимунитетот.

ЦИМЕТ
Овој зачин, богат со антиоксиданси, ја забавува брзината на варење на храната и на тој начин го спречува наглиот пад или пораст на нивото на шеќерот.

ПРИРОДЕН СОК
Чаша сок од 100% овошје секој ден го смалува ризикот од мозочен удар за 20%.

ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ
Една рака јаткасти плодови на ден го намалува ризикот од болести на срцето за 35%.

ЧАЈ
Зелени, црни и бели… сите се полни со антиоксиданси. Но, зелениот чај е особено богат со ЕЦГЦ, еден од најдобрите антикарциногени споеви.

ТОПЛО КАКАО ИЛИ ЧОКОЛАДО
Можете да ја подобрите состојбата на срцето со овие пијалаци. Најдобро е да користите 100% незасладено какао во прав и немасно млеко.

БОБИНКИ
Научниците откриле дека 140 гр бобинки дневно го смалува ризикот од кардиоваскуларни болести, го намалува крвниот притисок и го зголемува нивото на добриот холестерол.

Related Posts with Thumbnails