wordpress counter

Овошна диета со јагоди (1 дел)

Оваа диета ја стекна популарноста во последните неколку години, кога ја испробаа многу познати личности како Викторија Бекам и Бритни Спирс. Диетата се базира на зголемена консумација на јагоди и во зависност од комбинацијата со други видови храна, се намалуваат килограмите.

Ова сочно сезонско овошје има позитивно делување на имунолошкиот систем, метаболзимот, срцето. Богати се со калиум, фолна киселина, витамин Ц, магнезиум, бакар. Интересно е дека јагодата, за здравствени проблеми, ја употребувале уште старите Римјани.

Исхрана
Исхраната која се базира на јагоди е насочена кон подобрување на здравствената состојба, а потоа и кон намалување на телесната тежина. Диететските влакна ќе го подобрат варењето, фитохемикалиите ќе го осигураат антиоксидантното делување.

Зголемениот внес на јагоди ја поттикнува детоксикацијата на организмот и губењето на 2-3 килограми неделно. Тоа и може да се очекува ако дел од вашата исхраната ја замените со нискокалорично овошје.

Во 100 гр јагоди има само 30-тина калории и затоа се препорачува јагодите да бидат дел од секој оброк. Основната препорака е да започнете со 300 гр јагоди за појадок, а истата количина внесете ја и за десерт по ручекот.

И меѓуоброкот го вклучува ова пролетно овошје, додека за вечера се препорачува 500 гр јагоди во комбинација со јогурт со пониска масленост. Покрај јагоди, можете да консумирате и една банана дневно.

Related Posts with Thumbnails