wordpress counter

Овошна диета со јагоди (2 дел)

Во првиот дел од статијата ги наведовме основните карактеристики на оваа диета и позитивното делување на ова пролетно овошје кое го има во изобилство кај нас. Денес ви претставуваме предлог мени за оваа диета, која ќе ве донесе во добра здравствена состојба.

Појадок
• кафе или чај со 1 лажица шеќер
• 350 гр јагоди
• јогурт или сирење
• тврдо варено јајце
• каша од овес

Меѓуоброк
• мал сендвич (леб, сирење, пилешко месо) со зеленчук
• кафе или чај

Ручек
• супа од зеленчук
• салата од зеленчук со лимонов сок и 1 лажица маслиново масло
• 350 гр јагоди
• чај, кафе, чаша бело вино

Меѓуоброк
• 350 гр јагоди со шеќер

Вечера
• 500 гр јагоди

Оброк пред спиење
• половина шолја јогурт со намален удел на масти

Овој начин ќе го снабди организмот со витамини и минерали присутни кај јагодите, но ако е многу рестриктивна ќе го осиромаши со други важни хранливи материи. Затоа, ако сакате рестриктивна диета, нека биде тоа само неколку дена. Потоа, повторно внесете ги во исхраната и другите типови на продукти.

Related Posts with Thumbnails