wordpress counter

Пилинг маска на база на кафе

Кафето е еден од нашите омилени пијалаци. Но, дали знаевте дека од талогот од кафето, ако не сте ставиле шеќер, може да направите одличен пилинг кој ќе ви даде свежина на вашето лице? Освен тоа, кофеинот бргу се апсорбира во кожата и ги отстранува токсините. Овој пилинг се прави еднаш неделно и тоа е сосема доволно за да ѝ помогнете на вашата кожа.

СОСТОЈКИ
• 1 голема лажица талог од кафе
• 1-2 големи лажици од вашето омилено млеко за чистење на лицето
• 1 мала лажица мед

ПОДГОТОВКА
Измешајте ги процедениот талог и медот во мала шолја. Потоа, доадете го млекото или тоникот за чистење на лицето за да добиете смеса која се размачкува.

НАНЕСУВАЊЕ
Нанесете ја смесата на лицето и вратот со лесно тапкање. Потоа, со влажни дланки и со кружни движења, впијте ја маската во кожата. Оставете да стои 10-тина минути, за да може кофеиниот и медот да започнат да дејствуваат. Кофеинот ги отстранува токсините, ја смалува подуеноста околу очите и капиларното црвенило. Медот ја регенерира кожата и ја прави помека.

На крај, избришете ја кожата со чист пешкир.

Предупредување: доколку забележите дека маската ви создава пецкање или други непријатни чувства, веднаш отстранете ја!

Related Posts with Thumbnails