wordpress counter

Револуционерна Дукан диета (1 дел)

Веројатно сте се запрашале како им успева на французинките да изгледаат така витко и витално. Одговорот се наоѓа во нивниот начин на исхрана. Тој начин, докторот Пиер Дукан, го преточил во книга која и по 10 години е бестселер. Денес, преку 2 милиони девојки и жени уживаат во резултатите од Дукан диетата. Меѓу нив и Жизел Бундхен и Џенифер Лопез.

Диетата се состои од 4 различни програми, поделени во различни фази. Започнува со драматично губење на тежината, по што следи структуриран и едноставен режим на исхрана, кој гарантира одлични резултати. Важен елемент кој ги поврзува стадиумите е консумацијата на протеини.

ПРОТЕИНСКИ ДЕН
Еден ден во неделата (д-р. Дукан сугерира тоа да биде четврток) мора да јадете само протеини. И така до крајот на животот. Со примена на ова правило веднаш губите 1 килограм и можете да ги поправите грешките што сте ги напртавиле во текот на неделата. Дукан ја започнува оваа диета со фаза на „напад“, односно ден на консумирање на протеини (месо, риба, јајца и немасни млечни производи).

Ваквиот почеток овозможува почетен залет и предизвикува драматично губење на тежината. Така, може да се случи да загубите и 3 килограми во првите три дена.

МЕНИ
Во фазата на напад не смеете да консумирате ништо друго освен следните продукти:

• Малку масно говедско или телешко месо. Свинско и јагнешко месо не се препорачува. Најдобро е да го консумирате сварено или печено на скара.
• Пилешко и мисиркино месо без кожа. Избегнувајте ги крилцата, бидејќи содржат премногу масти.
• Шунка, доколку не е масна. Најдобро е да консумирате салами од мисиркино или пилешко месо.
• Сите видови риба се дозволени. Може да се јаде и свежа и замрзната или конзервирана. Од морските плодови, најдобро е да се јадат школки.
• Две варени јајца секој ден.
• Немасни млечни производи како јогурт и свежо сирење.
• Дозволени се и оцет, зачини, лук, кромид, стевија, вештачки засладувачи и гуми за џвакање.
• Пијте до 1.5 литри вода дневно, за да се чувствувате сито. Чајот и кафето треба да ги пиете без шеќер. Не е лошо да консумирате и 1.5-2 лажици овесни снегулки дневно, кои ќе направат да се чувствувате сити.

Related Posts with Thumbnails