wordpress counter

Револуционерна Дукан диета (2 дел)

Претходно се запознавме со основните начела на диетата на д-р Пиер Дукан. Диета која на французинките им обезбеди совршен изглед. Првата фаза е протеинска или фаза на напад и во првиот дел го видовме и менито за оваа фаза. Сега, продолжуваме со следните фази.

ВТОРА ФАЗА
Протеинската фаза може да трае најмногу 10 дена. Потоа следи втората фаза, во која може да се комбинираат денови кога консумирате само протеини и денови кога протеините се комбинираат со зеленчук. Постои голем избор на зеленчук кој може да го консумирате: артичок, аспарагус, брокули, зелка, домати, краставици, кељ, прокељ, целер, листови цикорија, печурки, кромид, тиква, спанаќ, репка. Најдобро е да комбинирате 1 до 5 дена протеини и 1 до 5 дена комбинација на протеини со зеленчук.

ТРЕТА ФАЗА – КОНСОЛИДАЦИЈА
Кога ќе достигнете идеална тежина следи фазата на консолидација. Во оваа фаза, постепено, додавате нови продукти на менито како што се леб, овошје, сирење, тестенини. Дури може да имате и два слободни оброци во текот на една недела кои ќе бидат по ваша желба. Во оваа фаза нема да изгубите килограми но, нема да добиете ни нови. Целта е да се избегне враќање на стариот начин на исхрана.

Основни правила:
• Јадете протеини и зеленчук секој ден, без оглед на количината
• Едно овошје на ден (избегнувајте банана, грозје, цреши и сушено овошје)
• 40 гр сирење на ден (избегнувајте сино и козјо сирење)
• Јагнешко и свинско месо, шунка (еднаш или двапати неделно)

Дополнителни правила:
• 2 мали лажици овесни снегулки дневно
• 30 минути брзо одење дневно
• 1.5 литри вода дневно

Related Posts with Thumbnails