wordpress counter

Револуционерна Дукан диета (3 дел)

Во претходните две статии се запознавме со првите три фази од оваа ефикасна диета. Со овој текст го завршуваме серијалот за програмата на слабеење на доктор Дукан и се надеваме дека ви помогнавме да ја постигнете посакуваната тежина.

ЧЕТВРТА ФАЗА – СТАБИЛИЗАЦИЈА
Во оваа фаза веќе можете да јадете било што, но потребно е да ја имате предвид фазата на консолидација, како рамка по која ќе постапувате. Тоа подразбира многу протеини и зеленчук, две парчиња леб и еден плод овошје на ден, порција сирење, два оброка по желба неделно.

Одберете и еден ден во неделата (според Дукан најдобро е тоа да биде четврток) кога ќе јадете само протеини. И така, до крајот на животот. Ова е клучот кој ќе ви овозможи да јадете слободно во наредните 6 дена без да се здебелите.

Покрај тоа, важно е да си обезбедите 20 минути брзо одење и 2 литра вода дневно. Во оваа фаза зголемето го внесот на овесни снегулки од 2 на 3 мали лажици дневно и тоа нека биде така за цел живот.

Во прилог објавуваме еден рецепт за десерт, согласно правилата на Дукан диетата.

Мафини со овесни снегулки

СОСТОЈКИ
• 1 јајце
• 1 мала лажица засладувач
• 3 големи лажици овесни снегулки
• 1 мала лажица прашок за пециво
• 2-3 големи лажици млеко или јогурт

ПОДГОТОВКА
Ставете ги сите наведени состојки во еден сад и мешајте сѐ додека не добиете компактна маса. Потоа масата налејте ја во модла за печење мафини (или во мали садови за печење). Загрејте је рерната на 180℃ и печете околу 15 минути.

Related Posts with Thumbnails