wordpress counter

Со алкохол до подобро ментално здравје

Веќе знаеме дека умерената консумација на алкохол штити од различни болести. Во продолжение на ова тврдење, ве запознаваме со едно истражување кое е споведено во Германија. Станува збор за студија која го пратела внесувањето на алкохол кај 3.202 испитаници во текот на три години.

Во текот на овој период, 217 учесници развиле некаков облик на сенилност. Интересно е дека истаржувачите дошле до заклучок дека лицата кои умерено уживаат во алкохол (еден до два пијалци на ден) имаат 30% помали шанси да развијат деменција.

Ако знаеме дека скандинавските земји имаат голем проблем со злуопотреба на алкохол, веројатно е јасно зошто прв по ова прашање се обрати Скандинавскиот одбор за алкохол, или поточно неговиот член, Ерик Сковенборг.

Според него, луѓето кои имаат ведар и отворен карактер имаат многу повеќе пријатели со кои може да се напијат алкохол. Поради тоа, кога се испитува влијанието на алкохолот врз појавата на деменција, треба да се земат предвид и други фактори, како што се живеење во пар, образование, депресија, карактер.

Покрај деменцијата, според докторите од прочуената клиника „Мајо“, умерената консумација делува превентивно и кај појавата на срцеви заболувања, мозочни удари и камен во жолчката. Затоа, ако на крајот од работниот ден или на крајот од денот почувствувате потреба за пијалак или два, слободно напијте се. Така вложувате во своето здравје.

Related Posts with Thumbnails