wordpress counter

Темно чоколадо (1 дел)

Чоколадите со врвен квалитет секогаш содржат многу поголемо количество на какао и вообичаено се поскапи отколку обичните чоколади. Токму во какаото се наоѓаат сите корисни биоактивни врски кои се важни за нашето здравје.

Сепак, станува збор за калоричен производ. Во 100 гр чоколадо има дури 555 калории. Најголемиот дел потекнува од мастите и јаглехидратите. Калоричната вредност зависи од чоколадо до чоколадо, но темното чоколадо има многу помалку шеќер и многу повеќе какао, а со тоа и бројни фитохемикалии (главно полифеноли).

Полифенолите и антиоксидансите го намалуваат ризикот од бројни болести, осебно срцевите болести. Покрај тоа, состојките како теобромин, теофилин и кофеин дејствуваат на намалување на апетитот. Со оглед дека темното чоколадо содржи многу повеќе од овие состојки, се препорачува негова консумација.

Согласно истражувањата во 7 студии, во кои учестувале 115.000 луѓе, дојдено е до следните заклучоци:

• во 5 студии е откриено дека консумирањето на поголемо количество чоколадо го намалува ризикот од срцеви заболувања;

• испитаниците кои јаделе најмногу чоколадо, имале за 37% понизок ризик за мозочните и срцеви удари;

• не е утврдено влијание на чоколадото врз срцевото затајување.

Related Posts with Thumbnails