wordpress counter

Темно чоколадо (2 дел)

Во првиот дел од статијата, заклучивме дека чоколадото е продукт кој одлично делува на нашето здравје доколку се консумира одговорно, поради високиот број на калории кои ги содржи. Она што е важно е дека темното чоколадо (она кое има поголемо учество на какао) е многу поздрава и подобра опција од обичното чоколадо.

Освен позитивното делување на нашето срце и крвни садови, чоколадото го намалува стресот и создава чувство на блага, безопасна еуфорија. Теоретски, ова делување може да се препише на биоактивните супстанции кои ги има во овој продукт. Сепак, треба да се има предвид дека овие состојки ги има и во други производи, но не делуваат на тој начин, што значи дека целата оваа теорија е под знак прашалник.

Инаку, најновите истражувања покажуваат дека темното чоколадо може да делува на заморот. Истражувањето, во кое учествувале 50 возрасни лица кои секојдневно консумирале по 45 гр темно чоколадо кое содржи 85% какао, покажува дека тие биле многу помалку уморни во споредба со другите кои не го консумирале. Можно објаснување е дека чоколадото делува на неуротрансмитерите како што е серотонинот, кој го регулира спиењето и расположението.

Ова било и прво истражување со кое научниците се обиделе хроничниот замор да го лечат со темно чоколадо. Претходните студии покажаа дека љубителите на чоколадото имаат поведар и пооптимистичен став кон животот и многу поретко патат од депресија.

Related Posts with Thumbnails