wordpress counter

Убавина на дофат

УБАВИНА НА ДОФАТНајдобриот начин да изгледате свежо, здраво и убаво не лежи само во пакување крема од 100 евра, или пак во операција за затегнување на кожата од неколку илјади евра. Она што го ставате во вашата чинија може да биде еднакво важно како и козметичките производи кои ги користите.

На пример, лососот и другите видови храна кои се богати со омега-3 масни киселини го намалуваат бројот и обемот на брчките. Спанаќот, брокулите и блитвата содржат витамини кои помагаат во создавањето на масна супстанција која потоа делува како регенератор за вашата коса. Или пак, брусниците ја осветлуваат вашата насмевка и тен.

Дерматолозите препорачуваат храна која е богата со антиоксиданси – зелен чај, портокали, калинки, спанаќ, брокули и зелена салата, за да се борите против оштетувањето на кожата од сончање и стареење.

Освен овие напомени, за да го комплетирате процесот, треба да внимавате и на хидратацијата на вашата кожа. Покрај водата, консумирајте и овошје и зеленчук кои се богати со вода како јаболка, боровинки, аспарагус, јагоди, моркови и печурки.

Гурман™ редовно ќе ве известува за светските трендови, истражувања и препораки од стручни лица за употребата на храната во насока на убавиот изглед. Кога вие сте задоволни – ние сме ја исполниле нашата цел.

Related Posts with Thumbnails