wordpress counter

УЛОГАТА НА ШЕЌЕРОТ И СОЛТА

ШЕЌЕР
Сосема природно и разбирливо е да сакате слатки производи. И секако може да се ужива во нивното конзумирање, но тоа би требало да се сведе само на она што го викаме „понекогаш“. Рафинираниот шеќер е еден од „лошите“ јаглехидрати, кој не само што предизвикува проблеми со нивото на шеќер во крвта, туку и ги користи складираните резерви на нашиот организам (како на пример минерали и ензими), со намера да создаде шеќер. Освен тоа, постојат уште низа на други болести за кои рафинираниот шеќер може да придонесе: хипогликемија, артритис, диабетес, остеопороза, главоболки, слабеење на имунолошкиот систем па дури и депресија.

Изберете слатко задоволство кое содржи природен шеќер, како што е овошјето. Обидете се да го направите Вашиот омилен десерт со барем 1/3 помалку шеќер отколку што го правите обично. Направете го десертот специјален настан еднаш неделно. Вклучете храна која има пририоден шеќер: овошје, зеленчук, жито, мешункасти растенија, бидејќи таа храна ќе го исфрли штетниот шеќер од вас. Јагоди, јаболка, компири или тиква се исто така одличен избор.

Избегнувајте или строго ограничете ги слатките напитоци – тоа е најлесен начин да и додадете калории и хемиски додатоци на вашата диета без да забележите. Една чаша газиран сок содржи ни повеќе ни помалку туку 10 мали лажички шеќер. А, ако е без шеќер, тоа не значи дека веднаш ја прави здрава за употреба. Најновите истражувања покажуваат дека вештачките замени за шеќер кои се користат во овие пијалаци, може да се измешаат со вашиот природен регулаторен систем и да резултираат со ваше предавање пред налетот на овие штетни задоволства. Наместо тоа, обидете се со вода и цеден лимон или 100 % цеден овошен сок.

tomhe (Flickr)

СОЛ
Проблемот со солта произлегува од прекумерната употреба на процесирана сол. Најдобро е дневната количина која ја внесувата во организмот да ја ограничите на 2300мг., или поблиску до нас – една мала лажичка. Поголем дел од солта што ја внесуваме во нашите диети доаѓа од процесирана, пакувана храна, како и храна која ја набавуваме во ресторани и сендвичари. Процесирана храна како инстант-супи или замрзнати оброци може да содржи скриена сол, која е многу повеќе од претходно-споменатата дневна количина. Најголем дел од нас воопшто не сме ни свесни колкаво количество сол внесуваме секој ден.

Солта сама по себе не е лоша. На пример, квалитетна сол може да поседува и до 90 минерали кои се битни за нашиот организам. Секогаш барајте сол која има бледо црвеникава или кафеникава нијанса, која нема боја, адитиви, хемикалии и не била избелувана.

Уште еден совет: гответе дома со морска сол и заменете ја вашата омилена храна со нејзини супститути кои содржат многу помало количество на сол во себе.

Related Posts with Thumbnails