wordpress counter

4 недели до цврст стомак (1 дел)

Четири недели се сосема доволен период за да го зацврстите вашиот стомак и повторно да се чувствувате добро во својата кожа. Оваа програма не опфаќа само вежбање, туку и поинаков начин на размислување, исхрана и масажи.

Овој план треба да помине три фази:

Аеробно загревање – опфаќа трчање, возење велосипед, брзо одење, пливање. Се практикува секој втор ден.
Изометрички и изотонични вежби – вежби за стомак по ваш избор, секој ден.
Вежби на истегнувања и опуштање – се изведуваат секој ден.

Прва недела
Детоксикација – најдобро е да се спроведува во пролет и лето. Консумирајте свежо овошје и зеленчук, со цел да ја внесете потребната количина на витамини и минерали. Пример: детоксикација која трае од 1-3 дена кога пиете сокови од овошје и зеленчук, кои си ги подготвувате самите, или ги нарачувате во Caramelo™.

Ако имате некакви здравствени проблеми, пред детоксикацијата консултирајте се со лекар.

Вежбање – Во првата недела, аеробните вежби нека ви траат најмалку 15 минути. Што се однесува до изометричките (статички) вежби, одберете 10 вежби. Начин на изведување – заземете положба и вежбата нека трае 6 секунди. Потоа, секој ден зголемувајте го траењето за 1 секунда, сѐ додека не дојдете до 10 секунди. Времете на одмор помеѓу вежбите нека биде двојно повеќе од колку што трае вежбата. Ако трае 10 секунди, тогаш одморете се 20 секунди пред следната тура.

Опуштање – вежбите завршете ги со истегнување на стомачните мускули.

Пилинг – пилингот ја стимулира циркулацијата, ги елиминира штетните наслаги, го отстранува целулитот и овозможува сјајна кожа. Солта е едно од најдобрите средства за пилинг, кој би требало да го правите два пати неделно.

Related Posts with Thumbnails