wordpress counter

4 недели до цврст стомак (3 дел)

Пред неколку дена се запознавме со активностите во текот на втората недела од процесот. На ред е третата седмица, со што полека се ближиме кон целта – совршено цврст стомак.

Храна за кожата
Со промена на прехранбените навики во втората недела, сте завршиле лавовски дел од работата. Клучни за одржување на младешкиот изглед на кожата се антиоксидансите. Тие ги уништуваат слободните радикали и заедно со есенцијалните масни киселини (омега-3) прават вашата кожа да е секогаш млада и негувана.

Вежбање
Во третата недела аеробните вежби би требало да траат најмалку 30 минути и тоа секој втор ден. Во текот на вежбите мерете го и вашиот пулс.

Продолжете со динамичките вежби секој ден. Задржете ги вежбите од втората недела, но со повеќе серии.

Пример: секоја вежба за стомак направете ја низ две серии од 10 повторувања, вкупно 60 повторувања. Правете пауза помеѓу секои 20 повторувања.
Релаксација: вежбите завршете ги со опуштање на стомачните мускули.

Related Posts with Thumbnails