wordpress counter

4 недели до цврст стомак (4 дел)

Откако ја поминавме и третата недела, веќе пополека се навикнувате на новата состојба на организмот и веќе зацврснат стомак. Продолжуваме и со 4-тата недела, во која треба да се ефектуираат сите активности кои претходно ги преземавме.

Енергија добиена од храна
На секои неколку часа, на организмот му е потребна нова енергија. Таа енергија ќе го стимулира метаболизмот и ќе го одржите потребното ниво на шеќер во крвта. Затоа, нам ни се потребни 5 оброка дневно: 3 главни и 2 меѓуоброка.

Храна која дава најмногу енергија
Скробни јаглехидрати: кафен ориз, просо, јачмен
Проетини: алги, јајца, риба, сирење
Зеленчук: брокула, цвекло, морков, пиперка
Овошје: ананас, банана, јаболко, папаја

Што да се избегнува?
Прејадување, никотин, многу алкохол, нередовни оброци, неспиење и стрес се појави и производи кои ја одземаат вашата енергија.

Вежби
Аеробните вежби нека траат барем 35 минути, секој втор ден. Потребна е и комбинација од изотонични и изометрички вежби за стомак. Задржете ги истите вежби од втората недела, но сега зголемете го бројот на серии.

Секоја вежба за стомак повторете ја низ три серии од 10 повторувања. По секоја серија задржете ја положбата барем 10 секунди. Направете вкупно 90 повторувања, со задржување на положбата меѓу сериите. Направете пауза кога ќе почувствувата потреба.

Релаксација: вежбите завршете ги со опуштање на стомачните мускули.

Совет за крај: тука вежбите не завршуваат. Организмот бара постојана грижа во врска со исхраната, вежбите и телото. Но, со оглед на 4-те напорни недели кои веќе ги поминавме, ќе биде полесно да се одржи програмот. Организмот ќе ви биде благодарен, а вие ќе се чувствувате здраво, полетно и полни со енергија.

Related Posts with Thumbnails