wordpress counter

Фитнесот и чувството за глад

Еве една непријатна вест за сите оние кои мислат дека борбата со килограмите може да ја добијат во салите за вежбање, со помош на напорните справи. Изгледа дека физичката активност го намалува апетитот само кај слабите, но не и кај подебелите жени. Тоа е поради фактот што личностите кои имаат повеќе килограми, по напорното вежбање имаат јака потреба за храна.

Сѐ зависи од хормонот лептин. Ако неговото ниво расте, се вклучува еден механизам кој го гласи гладот и нѐ тера на физичка активност и согорување на калории.

Но, ние со тек на време се здебелуваме и нашиот организам станува „глув“ на делувањето на хормонот. Во една студија учествувале 20 жени во менопауза, 10 слаби и 10 со зголемена тежина. Сите биле под строго утврден диетален начин на исхрана и сето тоа пратено со низа спортиски активности. Стурчните лица внимателно ги следеле промените и утврдиле дека за време и по телесните вежби, лептинот не го намалува гладот кај подебелите личности.

Затоа, послабите нека продолжат со вежбите, а пополните нека ја намалат телесната тежина, па, дури потоа нека започнат со физичка активност.

Related Posts with Thumbnails