wordpress counter

Неуробик – антистрес тренинг за 15 минути (1 дел)

Со вежбање не се подобрува само физичката кондиција на организмот, туку може да се подобри и функционирањето на мозокот. Поради тоа, ве запознаваме со терминот неуробик или антистрес тренинг. Ви предлагаме 4 вежби кои успешно ќе делуваат на стресот, нервозата, заморот, емотивната празнина и незаинтересираноста.

Најважно е да се одвлече вниманието барем на 15-тина минути, со некоја друга активност која ќе ве опушти. Еден начин може да биде танцувањето. Имено, затворете со во својата канцеларија или во својот дом, пуштете ја вашата омилена музика и танцувајте. Никој  нема да ве види, вие ќе се ослободите од негативната енергија и ќе може потоа да се фатите во костец со постоечките проблеми.

Во текот на вежбањето се ослободува хормонот на среќата, се создава чувство на опуштеност и задоволство и ние генерално се чувствуваме многу подобро.

Покрај тоа, при секое вежбање, за да се постигне максималниот учинок, потребно е да се научат техниките на правилно дишење. Значи, доколку традиционалниот начин на вежбање не ви помогне да се опуштите, тогаш време е за неуробик. Ова движење се популаризираше во текот на минатата деценија.

Во следниот дел ќе ви претставиме 4 вежби за кои искрено се надеваме дека ќе ви помогнат нервно да се опуштите.

Related Posts with Thumbnails