wordpress counter

Неуробик – антистрес тренинг за 15 минути (2 дел)

Во првиот дел од статијата пишувавме за основите на антистрес тренингот, односно неуробикот. Овој процес на вежбање станал популарен во текот на минатата деценија, а особено е важен при состојба на зголемен стрес, нервоза, замор, емотивна празнина и незаинтересираност. Денес ќе претставиме 2 вежби кои треба да ве ослободат од горенаведените тегоби.

Движење со отклони
Прекрстете ги прстите и рацете ставете ги на задниот дел од главата. Вдишете со полни гради и замислете дека вашите лакти се крила со кои сакате да ги допрете колената. Во исто време, едната нога помрднете ја настрана, како да сакате да шутнете некое ливче хартија. При издишувањето, благо наведнете се и истегнете го грбот. На овој начин ќе се загрее вашето тело.

Ритмична координација
Седнете на земја и испружете ги и прекрстете ги нозете. При вдишувањето споите ги лопатките, како да сакате да ја штипнете маицата која ја носите. При издишувањето, заоблете го грбот, згрчете ги лактите и одвоите ги нозете кои се во воздух. На тој начин силно се активираат мускулите на стомакот. Наизменично, ротирајте го телото во страна и со испружени нозе удрете по подот како по површина на вода. Секоја ротација нека има две удирање во подот. Со оваа вежба ќе се вработат сите сиви мозочни клетки.

Related Posts with Thumbnails