wordpress counter

Со Мариса Милер до цврст стомак и задник

Супер моделот Мариса Милер има тело кое би го посакала секоја жена. Таа е најзаслужна за враќање на сексапилот во светот на манекенството и супер моделите. Денес ви претставуваме неколку нејзини вежби за црвст стомак, задник и бутови.

Подигнување на нозе
Зајакнува: стомачни мускули

Чекор 1: легнете на под. Нозете нека бидат споени и испружени, а рацете опуштени, покрај телото и со дланките свртени кон доле. Подигнувајте ги испружените и споените нозе сѐ додека не бидат под прав агол во однос на подот.

Чекор 2: спуштете ги нозете до 15 цм над подот и задржете ја оваа положба 2 секунди. Повторете 35 пати.

Клекнување на една нога
Зајакнува: бутови и задник

Чекор 1: застанете со свртен грб на 60 цм од столот. Подигнете ја левата нога наназад и потпрете го стапалото на крајот од столот.

Чекор 2: клекнувајте сѐ додека левото колено не ви биде на околу 15 цм од подот. Потоа, вратете се во почетна положба. Повторете 15 пати, па потоа истото направете го со десната нога.

Отпор со еластична трака
Зајакнува: задник

Чекор 1: раздвојте ги стапалата во ширина на рамената и со еластична трака врзана околу зглобовите, подигнете ја ногата настрана и вратете ја во првобитна положба. Повторете 20 пати.

Related Posts with Thumbnails