wordpress counter

Вежбање во теретана (1 дел)

Милиони жени низ целиот свет се обидуваат својата фигура да ја средат со помош на диета и кардио тренинзи. Веднаш штом ќе се запишат во теретана одат на првата трака за трчање и имаат тренинг кој трае околу 45 минути. Но, истражувањата покажуваат дека тој план е добар за губење на мастите на краток рок (3 месеци), додека долгорочно нема да ги даде посакуваните резултати.

Каде жените ја прават најголемата грешка при вежбањето?
Да земеме пример: жена која има 90 килограми, внесува 2.000 калории на ден и не вежба воопшто. Со разубавувањето на времето решава да си посвети време себе си. Започнува да внесува 1.700 калории на ден и уште 300 троши на тренинг. Во првите 3 месеци ќе намали 7 килограми и ќе има 83. Во тој момент, верувале или не, за својот базален метаболизам таа троши помалку енергија отколку кога имала 90 килограми.

За да почне повторно да слабее, мора повторно да го намали дневниот внес на калории и да го зголеми интензитетот на тренинзите. Но, ако го намали внесот на калории под 1.500, ќе биде гладна и депресивна. Ако остане на тој план и продолжи со намалување на калориите, ќе останат вишок уште 20 килограми. Поради тоа, ќе започне со појаки вежби, иако со таков внес на калории телото нема да биде способно да ги издржи тие вежби…

Related Posts with Thumbnails