wordpress counter

Вежбање во теретана (2 дел)

Со разубавување на времето, сите сакаме да се вратиме во форма и да ја вратиме линијата која сме ја имале минатото лето. Во првиот дел видовме која е најголемата грешка при вежбањето во теретана, а сега ќе ги разгледаме причините зошто жените се плашат од вежбање во тератана и што да прават ако не ја сакаат гужвата во теретаните.

ЗОШТО ЖЕНИТЕ СЕ ПЛАШАТ ОД ТЕРЕТАНИ?
При силните тренинзи се трошат повеќе калории и притоа се зголемува мускулната компонента која метаболички гледано е активна (троши енергија) и започнуваме да забележуваме дека нашата фигура е постегната и подобро обликувана.

Жените не би требало да се плашат од вакви тренинзи. Мускулната маса која се создава при такви тренинзи е само плус на нашата фигура. И она што е најважно – жените не може да се „набилдаат“ како мажите, бидејќи лачењето на тестостерон кај нив е минимално. Резултатот е поцврсто тело, помал конфекциски број и намалување на болките во грбот.

ШТО АКО НЕ ГО САКАТЕ МЕТЕЖОТ ВО ТЕРЕТАНИТЕ?
Најдобро решение е еластичната гума. Гумата е одличен додаток за вежбање, затоа што со нејзина помош се активира целото тело и притоа се топи поткожното масно ткиво и се намалува целулитот. Освен тоа, не бара многу простор и е одлична замена за теретана.

Гумата е практично теретана во мало. Идеална е за оние кои немаат многу простор и кои често патуваат, бидејќи може лесно да се пренесува. Ако изберете ваков начин на вежбање, важно е да ги држите стомачните и грбните мускули под контракција, за да се спречи нагло истегнување на телото. Инаку, сите вежби може да се прават и без гума, но гумата е таа која дава дополнителен отпор и затоа и ефектот е поголем.

Related Posts with Thumbnails