- Гурман™ - https://gurman.mk -

Зошто вежбањето е важно?

Веројатно дека безброј пати сте слушале дека вежбањето е одлично за вас и вашето здравје. Но, дали сте знаеле дека може да делува и на вашето расположение? Точната количина на вежби ќе ги подигне и вашето расположение и вашата енергија.

ПРИЧИНИ ВО КОРИСТ НА ВЕЖБАЊЕТО

Вежбањето делува позитивно на целото тело, вклучително и умот
Вежбите му помагаат на телото да создаде ендорфин, супстанција која помага да се чувствувате смирено и среќно. Исто така, помага да спиеме поквалитетно. А, како причина плус е фактот што по вежбањето се чувствувате исполнето, како резултат на постигнување на целта.

Помага да изгледате подобро
Луѓето кои вежбаат согоруваат повеќе калории и изгледаат многу посвежо и подобро од другите луѓе.

Губење на вишок тежина и намалување на ризикот од болести
Ако не вежбаме, значително се зголемува ризикот од болести особено срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и висок крвен притисок. Овие болести се појавуваат на сѐ помала возраст.

Овозможува поспоро стареење
Овие резултати од вежбањето ќе дојдат подоцна и вашето тело ќе биде навистина благодарно. Жените, во процесот на стареење, се особено осетливи на состојбата наречена остеопороза (ослабување на коските). Вежбите како трчање, брзо одење и скокање им помага на девојките и жените да ги сочуваат своите коски силни.