wordpress counter

Водно за повитка става

Неодамна во Германија, под раководство на професори од еден универзитет во Минхен, се спроведе истражување кај кое се добија навистина посебни резултати. Главниот заклучок е дека престојот на планина помага во губењето на вишокот на килограми.

Имено, со овој експеримент беа опфатени 20 машки индивидуи кои поминале една недела на планина, без притоа да ги променат своите физички активности и начинот на исхрана. На крајот, се покажало дека престојот на повисока надморска височина е мошне корисен за тие кои сакаат да ја намалат телесната тежина.

Висината влијае на промени во метаболизмот, намалување на апетитот и крвниот притисок. Таму кислородот е поредок, па организмот лачи повеќе лептин, хормон за кој се верува дека има влијание врз намалување на апетитот.

Истражувачите откриле и дека во тој период се намалил и крвниот притисок и внесот на калории. Ефектот бил видлив и по еден месец од завршувањето на експериментот. Затоа, веруваат дека ако ги откријат сите фактори кои делуваат на апетитот во вакви услови, ќе можат да постават сосема нов и ефикасен начин на лекување на дебелината.

Related Posts with Thumbnails