wordpress counter

Вуди Ален знаеше однапред (1 дел)

Многу често се случува некој продукт за кој се сметало дека не е добар за нашето здравје, по долги истражувањa да се утврди дека има прилично полезен ефект по нашиот организам. Сега ќе се обидеме да наведеме неколку такви продукти, за кои сме имале погрешно мислење.

СЛАНИНА
Се сеќавате ли на филмот „Sleeper“ на Вуди Ален? Во него, ликот оди на спиење во 1973 година и се буди 200 години подоцна и открива дека целата некогашна лоша храна во иднина е здрава храна. Токму тоа го открива и Џенифер Меклахан, авторка на книгата „Масти“. Според неа, 45% од мастите кај сланината се монозаситени и дека се одлични за намалување на т.н лош холестерол.

Покрај тоа, монозаситените масти кај сланината се всушност олеинска киселина – истата маст која се наоѓа и кај маслиновото масло. Испаѓа дека сланината е здрава како и маслиновото масло, но сто пати повкусна. Како и да е, клучна е умереноста во консумирањето.

МЛЕКО
Заситените млечни киселини помагаат во апсорпцијата на калциумот и содржат големо количество на витамин А и Д. Неколку испитувања покажаа дека консумацијата на полномасно млеко и сирење кај жените овозможува полесно да се контролира тежината. Освен тоа, студиите откриваат дека колку млекото е повеќе вклучено во исхраната на жените, толку повеќе ќе расте нејзината плодност.

Related Posts with Thumbnails