wordpress counter

Вуди Ален знаеше однапред (2 дел)

Во претходниот дел видовме дека некои продукти како сланина или масно млеко се сметаат за штетна храна, иако, по детални испитувања се утврдува токму спротивното. И во оваа прилика ќе наведеме уште неколку продукти кои неосновано влегуваат во групата на „многу штетни“ производи.

ПОТОЧАРКА
Овој зеленчук може да биде навистина здрав за сите нас. Во неа има сосема доволно антиоксиданси да го блокира оштетувањето на ДНК во белите крвни зрнца. Истотака, го намалува нивото на триглицериди во крвта. Ако сакате незаборавно искуство, тогаш промешајте маслиново масло, оцет и поточарка и прелијте ја вашата омилена салата со овој сос.

ХЕЛДА
Хелдата не е жито, како што повеќето од нас сметаат, туку е растение кое е неверојатно добро за нашето здравје. Ги содржи сите есенцијални амино-киселини, Б витамини, фосфор, магнезиум, железо, цинк, бакар и манган. А, како дополна – 4.5 гр диететски влакна на една шолја, го прави навистина совршено растение. Уживајте во кнедли од хелда или француски палачинки.

МЕСО ОД ПАТКА
Иако има лоша репутација, сепак, можете понекогаш да си дозволите и вакво месо. Маста од патка е една од најздравите масти од животинско потекло. Освен тоа, се наоѓа на самиот врв по својот вкус, заедно со сланината. Пробајте гради од паткино месо со цреши и порт сос.

Related Posts with Thumbnails