wordpress counter

Зошто сакаме чоколадо, сирење, пица…

Секој од нас, во определен момент, чувствува потреба од некој специфичен вид на храна. Може да е тоа нешто слатко, солено, кисело или пак некоја конкретна храна како сендвич, месо, колачи. Но, често се случува да постои разлика помеѓу она што сакаме да јадеме и она што навистина ни е потребно.

Ако причинителот не е од емотивна природа, треба да се провери дали организмот благо дехидрирал. Потребно е да се испие една чаша вода и малку да се почека. Доколку не се смири потребата, еве што ни советува докторката Мишел Шофро.

Чоколадо
Ако ви е потребно чоколадо, тогаш вашиот организам ви јавува дека на организмот му недостасува магнезиум. Затоа, изедете едно парче темно чоколадо или смути од какао. Јадете јаткасти плодови, семки, риба и лиснат зеленчук.

Колачи
Во ваков случај, нивото на шеќер во организмот не е стабилно. Наместо да јадете бонбони и колачи, потребно е да консумирате овошје и житарки.

Солена храна
Доколку не можете без пуканки и чипс, тогаш постои флуктуација во нивото на хормоните на стрес. Потребно е да се соочите со стресот и да вежбате, медитирате или да практикувате техники на правилно дишење. Внесете витамин Б, Ц и лиснат зеленчук.

Сирење
Ако имате огромна желба да јадете сирење или пица, тогаш имате недостаток на масни киселини. Затоа, јадете ореви, лосос и семки од лен. Прескокнете го сирењето и консумирајте храна со омега-3 масни киселини.

Црвено месо
Укажува на недостаток на железо. Наместо со хамбургери, обидете се да ја надминете желбата со сливи, мешунки и сушено овошје, лимон, црвени пиперки, домати и шумско овошје.

Related Posts with Thumbnails